text size
Храната е сѐ поскапа, но нема да згрешиме ако кажеме и дека се намалува нејзината достапност. Иако за тоа има повеќе причини, како војната во Украина, односно прекинот на трговската размена во голем дел од светот со Русија, затвореноста на Кина поради политиката за нулта ковид, климатските промени, но и сѐ поскапите ѓубрива. Тие се клучни за приносот и квалитетот на земјоделските производи, но нивната цена расте вртоглаво, а поради таа причина земјоделците сѐ помалку користат ѓубрива.