Македонија

„Ерсте“ очекува скромен раст на македонската економија

Автор: Владимир Николоски

23 ноември 2024, 10:25

„Ерсте“ очекува скромен раст на македонската економија

Depositphotos

Владимир Николоски

Се предвидува дека економијата на Македонија ќе порасне за два процента во 2024 година и ќе забрза до 2,6 проценти во 2025 година, се вели во новиот извештај на „Ерсте груп рисрч“ (Erste Group Research).

„Растот во 2024 година се очекува да остане ограничен поради доцнењето на големите проекти за изградба на автопати и бавното закрепнување на клучните надворешни пазари, особено Германија. Додека растот се предвидува да се подобри во текот на прогнозираниот период, ризиците се претежно на надолна страна“, наведуваат од „Ерсте“.

Оттаму додаваат дека во првата половина на 2024 година, економијата забележа раст 1,8 проценти на годишно ниво, при што растот надмина два процента на годишно ниво во вториот квартал за прв пат во две години.

„Ова подобрување беше поттикнато од падот на увозот, што ги намали надворешните притисоци бидејќи извозот остана пригушен“, се вели во извештајот.

Во него се додава дека домашната потрошувачка забави во споредба со 2023 година, при што јавната потрошувачка имаше клучна улога, потенцијално под влијание на предизборните расходи.

„Бруто-капиталот, по силниот почеток на годината поради базниот ефект, повторно се намали во вториот квартал“, наведуваат од „Ерсте“.

Од групацијата контстираат дека вкупната инфлација значително се намали, паѓајќи на 3,5 проценти на годишно ниво во октомври 2024 година, што е намалување од нејзиниот врв кон крајот на 2023 година.

„Сепак, базичната инфлација останува загрижувачка на ниво од 5,9 проценти, поттикната од зголемувањето на платите и зголемените трошоци за услуги“, велат од „Ерсте“.

Откако забележа суфицит на тековната сметка од 0,4 проценти од БДП во 2023 година, посочуваат оттаму, земјата забележа дефицит на тековната сметка од 1,4 проценти од БДП во првата половина на 2024 година, првенствено поради влошувањето на трговскиот биланс.

„Се очекува дефицитот дополнително да се прошири, поттикнат од увозот поврзан со автопатите и пригушените извозни перформанси“, велат од „Ерсте“.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.
Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

пред 4 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите