Од 1.502 домашни производители на електрична енергија во Македонија лани 1.494 користеле обновливи извори на енергија, а од нив 179 користеле повластена тарифа, 53 користеле премија, додека 1.262 електроцентрали не користеле мерки за поддршка за производството на електрична енергија, покажуваат податоците од годишниот извештај за 2024. на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Учеството на производители коишто користеле мерки на поддршка во вкупниот инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија изнесува 16 проценти, додека во вкупниот инсталиран капацитет во држвата изнесува 9 проценти.
Што е повластена тарифа, а што премија?Повластената тарифа претставува претходно утврдена цена за откуп на електрична енергија произведена од повластен производител на електрична енергија од страна на операторот на пазарот на електрична енергија. На повластените производители кои користат повластена тарифа им е загарантирана тарифата за секој kWh произведена електрична енергија по која операторот на пазар на електрична енергија е должен да ја откупи целата електрична енергија, произведена од повластените производители, во период од 15 до 20 години. Придобивка за повластените производители кои користат повластена тарифа е и тоа што операторот на пазарот на електрична енергија ја презема балансната одговорност за овие производители. Заклучно со 31 декември 2024 година вкупната пропишана инсталирана моќност на електроцентралите за кои се доделуваат повластени тарифи е исполнета за ветерните електроцентрали, додека од пропишани 20 MW за термоелектроцентралите на биогас преостанатиот слободен капацитет изнесува 12 MW, а од пропишани 10 MW за термоелектроцентралите на биомаса преостанатиот слободен капацитет изнесува 7,4 MW. За малите хидроелектроцентрали не е дефинирана горната, односно истата е условена од склучените договори за концесија. Со Законот за енергетика од 2018 година дополнително се воведува и премијата како мерка за поддршка. Премијата претставува дополнителен износ над цената што ја остварил повластениот производител со продажбата на произведената електрична енергија на пазарот на електрична енергија. Повластениот производител кој користи премија се избира преку тендерска постапка со аукција што ја спроведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. |
Прочитај повеќе

За 10 месеци издадени 254 дозволи за енергија од обновливи извори
Од јануари заклучно со 31 октомври РКЕ има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од речиси 272 мегавати.
20.11.2024

Не постои енергетска транзиција без инвестиции во енергетската мрежа
Македонија стана лидер во делот на производство на електрична енергија од фотоволтаични електрани
21.08.2024

Дали зелената транзиција е меч со две сечила за Македонија и сиромашните земји?
Во трката кон зелена транзиција за борба против климатските промени, се јавува напнатост меѓу глобалниот север и глобалниот југ.
15.08.2024

Струја од сонце: Техничките бариери му пресудија на инвестицискиот бум
Во текот на летните месеци надлежните по потреба ќе ги исклучуваат соларните централи.
02.05.2025

Струјата од сонце прави проблеми: Во земјава избегнат колапс, во Европа цените под нула
За време на велигденските празници бил можен колапс на системот поради вишок струја
28.04.2025
Лани исплатени 40,2 милиони евра на повластените производители
Повластените производители кои користат повластени тарифи учествуваат со приближно 6,5 проценти во произведената електрична енергија од домашни производители, додека во делот на производството од обновливите извори повластените производители учествуваат со 36 проценти. Заклучно со 31 декември 2024 година вкупната инсталирана моќност на повластените производители изнесува 178 МW, што претставува зголемување од 38,57 МW во споредба со 2023 година. Во 2024 година исплатени се 2.472.359.552 денари (40,2 милиони евра) за произведени 399.680.908 kWh, односно просечната цена на електричната енергија произведена од повластените производители изнесува 6.186 денари/MWh или 101 евро/MWh, што е приближно до просечната остварена за целиот период на примена на повластените тарифи (102 евра/MWh).
„Зголемувањето на просечната цена на повластените производители се должи на намаленото учество на малите хидроелектроцентрали во производниот микс на повластените производители кои претставуваат една од најевтините технологии кај повластените производители и зголеменото учество на производство од термоелектроцентрали на биогас кои пак од друга страна претставуваат една од технологиите со највисока производна цена кај повластените производители“, објаснуваат од комисијата.
Во 2024 година има зголемување на производството на електрична енергија од повластени производители од 31.129.411 kWh во однос на 2023 година.
„Зголеменото производство произлегува од новата ветерна електроцентрала Богословец која започна со работа во 2023 година, но во 2024 година се стекна со повластен статус и пуштањето во употреба на уште една нова термоелектроцентрала на биогас „Биоентерпрајс Сарамзалино“ која исто така во 2024 година се стекна со статус на повластен производител“, наведуваат од комисијата.
Кои повластени производители заработија најмногу?
Во 2024 година за произведената електрична енергија од мали хидроелектроцентрали се исплатени 905.793.616 денари(14,7 милиони евра) за произведени 180.726.696 kWh електрична енергија по просечна цена од 5,01 денари/kWh, за електричната енергија произведена од ветерни електроцентрали се исплатени 893.929.426 денари (14,5 милиони евра) за произведени 163.245.274 kWh електрична енергија по просечна цена од 5,48 денари/kWh, за термоелектроцентралите на биогас 430.707.880 денари (7 милиони евра) за произведени 38.890.005 kWh електрична енергија по просечна цена од 11,08 денари/kWh и за фотонапонските електроцентрали 241.928.630 денари (3,9 милиони евр) за произведени 16.818.933 kWh електрична енергија по просечна цена од 14,38 денари/kWh.
Инаку, согласно Законот за енергетика операторот на пазарот на електрична енергија ја продава откупената електрична енергија произведена од повластените производители на сите снабдувачи и трговци со електрична енергија, кои продаваат електрична енергија на крајните потрошувачи. Снабдувачите и трговците го откупуваат количеството електрична енергија произведена од повластените производители од операторот на пазарот на електрична енергија секој ден, соодветно на учеството во најавите за потребите од електрична енергија на нивните потрошувачи во вкупните предвидени потреби на потрошувачите на електрична енергија во Македонија. Лани најголем удел во откупот на електрична енергија произведена од повластените производители има „ЕВН Хоме“ (59,01 проценти), а на второто место е „ЕВН Македонија Електроснабдување“(13,82 проценти).
Цената за kWh, по која операторот на пазарот на електрична енергија ја продава електричната енергија на снабдувачите и трговците, се пресметува на крајот од месецот како просечна цена по која операторот на пазарот на електрична енергија ја откупил електричната енергија од повластените производители на електрична енергија кои користат повластена тарифа. Просечната цена на електричната енергија, произведена од повластените производители кои користат повластена тарифа, во 2024 година изнесувала 6,19 денари/kWh.