Македонија преку Министерството за финансии ги задолжила Банката на Америка (BofA Securities), „Ерсте Груп“ (Erste Group), „ЏП Морган“ (J.P. Morgan) и „Стандард Чартерд Банка“ (Standard Chartered Bank) да организираат серија повици за инвеститори со фиксен приход во понеделникот (12 јануари 2026 година), а со цел да се обезбедат пари за ново задолжување на државата преку издавање обврзници.
Според информацијата објавена на терминалот на „Блумберг“, македонската Влада ќе се обиде да се задолжи преку понуда на обврзници со референтна фиксна каматна стапка деноминирани во евра со рок на отплата на четири и на осум години. Понудата е за котирање на главниот пазар на Лондонската берза, а ќе се реализира во зависност од пазарните услови.
Истовремено, Министерството за финансии објавило тендерска понуда со фиксна цена за откуп на издадената еврообврзница од 700.000.000 евра со камата од 3,675 проценти, а која достасува на 3 јуни 2026 година.
Прочитај повеќе
Власта ги менува плановите: Раст на долгот во ревидираната фискална стратегија
Ревидираната фискална стратегија проектира повисоки стапки на јавниот долг во 2029 и 2030 година, но тие ќе останат под критериумот за долг под 60 отсто од БДП. Сепак, според експертите, и ова ниво на задолженост за македонската економија е високо.
11.12.2025
МФ најави ново задолжување кај населението најдоцна до средината на декември
Најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија на граѓански обврзници, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, иако не откри детали пред официјално да се објави проспектот.
25.11.2025
Скапо нѐ чини рејтингот: Македонија поблиску до Африка отколку до регионот за нови задолжувања
Се обидовме да отсликаме низ каква диоптрија би можеле инвеститорите да ја гледаат нашата држава кога ќе „мерат“ колкава цена треба да платиме за новите заеми.
13.11.2025
Долг од 60 отсто од БДП - невозможна мисија? Глобалните ризици ни го отежнуваат патот
Новата еврообврзница ќе биде скапа.
19.08.2025
Владата планира задолжување од над милијарда евра кај домашните банки и на меѓународниот пазар
Можноста за ново задолжување се разгледува во период кога јавниот долг на земјата надмина 9,71 милијарди евра.
11.08.2025
„Фич“ им додели рејтинг „ББ+“ на предложените обврзници
„Фич рејтингс“ вчера им додели рејтинг „ББ+“ на предложените еврообврзници на Македонија. Оттаму соопштија дека „нето приходите од продажбата на обврзниците ќе се користат за буџетска поддршка во 2026 година, понуда за плаќање во готово за неплатените обврзници од 700 милиони евра и рефинансирање на доспеани обврски на државниот долг“.
Од „Фич“ велат дека рејтингот на обврзниците е во согласност со долгорочниот рејтинг на Македонија „ББ+“, со стабилна перспектива, кој последен пат беше доделен на 19 септември 2025 година.
Од рејтинг агенцијата укажуваат дека фактори кои би можеле да доведат до негативна акција/намалување на рејтингот можат да бидат јавните финансии односно значително зголемување на бруто долгот на општата влада на среден рок поради евентуален неуспех во спроведувањето на кредибилна стратегија за фискална консолидација, како и надворешните финансии односно притисок врз девизните резерви предизвикано од значително влошување на надворешната позиција.
Од друга страна, фактори кои би можеле да доведат до позитивна акција/надградба на рејтингот се остро и одржливо намалување на долгот на општата влада преку подобрување на фискалното управување и кредибилитетот на политиките, како и „подобрување на среднорочните перспективи за раст или стандардите за управување, на пример, преку докажан напредок кон пристапување кон ЕУ.“
Се задолжуваме за да враќаме стари долгови
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека за покривање на старите долгови и финансирање на буџетскиот дефицит на државата годинава ќе треба да се задолжиме 120,6 милијарди денари (1,96 милијарда евра). Според проекциите, предвиденото ниво на домашно задолжување изнесува 35,6 милијарди денари (578 милиони евра), а ќе се обезбеди преку задолжување со издавање државни хартии од вредност или домашен заем. Задолжувањето во странство во вкупен износ од 85 милијарди денари (околу 1,38 милијарда евра) ќе се реализира преку издавање еврообврзница, како и од други извори (повлекување средства од кредитни линии од странски финансиски институции наменети за финансирање одделни проекти или буџетски дефицит).
Македонија годинава треба да врати вкупен долг и камати во износ од 74,8 милијарди денари (околу 1,2 милијарда евра). Од вкупната сума, за враќање на надворешниот долг треба да издвоиме 54,9 милијарди денари (892 милиони евра), а за враќање на домашниот долг 19,9 милијарди денари (323 милиони евра).
Отплатата на главнината по основ на надворешен долг го вклучува редовното сервисирање на обврските кон странските кредитори: еврообврзницата што беше издадена во 2020 година, во износ од 43,1 милијарди денари (700 милиони евра), долг кон ММФ во износ од 3,1 милијарди денари (50 милиони евра), кон ИБРД во износ од 3,3 милијарди денари (53 милиони евра), како и долгови во различни суми кон ЕБРД, ИДА, ЦЕБ, ЕИБ и кон други билатерални кредитори (ИФАД, КфВ, Јапонската агенција за меѓународна соработка и др.). Отплатата на главнината по основ на домашниот долг се однесува на отплати на 2, 3, 5 и 10-годишни државни обврзници, отплата на домашни заеми и отплата на структурни обврзници.