text size
Претседателот на њујоршката филијала на Федералните резерви (Фед), Џон Вилијамс, прогнозира дека американската монетарна политика ќе биде рестриктивна „уште некое време“. Централниот банкар, исто така, вели дека намалувањето на каматите би можело да биде оправдано следната година доколку инфлацијата забави.