text size
Во април, индексот на цените на храната на ФАО (FFPI) изнесуваше 119,1 поен, што е за 0,3 поени (0,3 отсто) повеќе од ревидираното мартовско ниво, како резултат на зголемувањето на индексот на цените на месото и помалото зголемување на растителното масло и житни индекси . Иако индексот на ФАО забележа втор месечен пораст по седуммесечен надолен тренд, сепак тој е за 7,4 отсто понизок од пред една година.