text size
Американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе глобалните економии и пазари со неговото ветување дека ќе воведе казнени мерки или тарифи на најголемите трговски партнери на земјата. Досега, тој воведе царини од 10 проценти за Кина, а царините насочени кон Мексико и Канада – во износ од 25 проценти – беа одложени за околу еден месец. Трамп, исто така, посочи дека подготвува царини за Европската унија (ЕУ). И покрај сета драма, тарифите имаат јасни и опипливи импликации, а еве како функционираат – од тоа кој всушност плаќа за нив, па до тоа како се собираат приходите.