Вести

Пронајден редок дијамант, можеби најголем во последните три века

Извор: Ranjeetha Pakiam/Bloomberg

27. Јули 2022, 11:05

Пронајден редок дијамант, можеби најголем во последните три века

Lucapa Diamond Company

Редок розов дијамант пронајден во Ангола можеби е најголемиот пронајден во последните три века, според австралиската рударска компанија, Lucapa Diamond Co.

Каменот од 170 карати од рудникот Луло е наречен „Луло Роуз“ (Lulo Rose), соопштија денеска компанијата и нејзините партнери, Endiama E.P. и Rosas & Petalas. 

Ќе се продава преку меѓународен тендер што го спроведува анголската државна компанија за трговија со дијаманти Sodiam.

Дијамантите во боја, кои се поретки од безбојните, достигнаа рекордни цени во последниве години. Синиот дијамант „Кулијан“ (Cullinan) на De Beers во април беше продаден на аукција за околу 57,5 милиони долари во Sotheby’s во Хонгконг.

Сите новости од рубриката Магазин

Магазин

сите новости од рубриката Магазин