text size
Македонскиот пазар на капитал со години ниту видел ниту помирисал некакво ИПО (од англиски: Initial public offering - IPO), односно компанија што преку јавна понуда на акции ќе собере свеж капитал за својот раст и развој. Многупати се зборувало за тоа на конференциски панели, трибини или обуки, но бизнисмените тешко се одлучуваат да ја сменат својата ментална матрица и да решат, наместо во банка, по пари да одат на берза и својата сопственост да ја поделат со одреден број акционери.