text size
Минатонеделните настани на берзата главно беа обележени со ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Израелските одбранбени сили продолжија да ги гаѓаат позициите на милитантната група Хезболах во Либан, додека Иран во вторникот истрела околу 200 балистички проектили врз еврејската држава. Сите овие движења се одразија на пазарите на суровини, а цените на акциите беа претежно во минус, со исклучок на кинеските индекси, кои за една недела зајакнаа за повеќе од 10 отсто. Инвеститорите, сепак, беа зафатени од страв од пропуштање (англ. fear of missing out - FOMO).