Големиот пад на криптото од 2025 година влезе во нова фаза во средата, откако биткоинот падна на најниското ниво во последниве седум месеци, со што избриша повеќе од 1 билион долари низ светот на дигиталните средства.
Најголемата криптовалута се спушти до 88.522 долари, при што најновиот пад ги погоди и големите и малите инвеститори — од малопродажни купувачи „на дип“ до трезорски фирми за дигитални средства, чија акциска премија исчезнува.
Цените на токените делумно закрепнаа откако „Енвидија“ објави силна прогноза за приходите, што помогна да се ублажат стравувањата дека глобалниот бран на трошоци за ВИ може да почне да се гаси. Биткоинот порасна до 2,5 отсто во четвртокот наутро за време на тргувањето во Азија.
Прочитај повеќе
Криптовалутите тонат, расте стравот низ финансиските пазари
Вителот на продажби што го предизвика падот на биткоинот ги поткопа азиските пазари и го засили стравот од поголеми нарушувања во деновите што следуваат.
18.11.2025
Трговците сè поубедени дека биткоинот ќе падне до 80.000 долари
Најголемата криптовалута падна под 90.000 долари, продлабочувајќи ја распродажбата што ги збриша сите добивки годинава.
18.11.2025
Биткоинот го брише годишниот раст додека расте мечкиното расположение на криптопазарот
Доминантната криптовалута вчера падна на 93.714 долари, туркајќи ја цената под нивото на затворање достигнато на крајот од минатата година, кога финансиските пазари растеа по изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп.
17.11.2025
Крипто рударите сè повеќе јаваат на бранот на ВИ, а го оставаат биткоинот зад себе
Акциите на големите компјутерски компании коишто овозможуваат функционирање на биткоинот сè повеќе се насочуваат кон хибридни модели изградени околу ВИ.
19.10.2025
Следните психолошки нивоа се околу 85.000 и 80.000 долари. Во фокус повторно се враќа и претходното годишно дно од 74.425 долари, поставено во април за време на тарифните турбуленции. Вкупната пазарна капитализација на криптовалутите достигна околу 4,3 билиони долари на 6 октомври, а сега се движи блиску до 3,2 билиони. Сепак, поголемиот дел од таа промена претставува „хартиени“ загуби, а не реални пари што ја напуштиле пазарната сцена.
Bloomberg
По лавината присилни ликвидации на 10 октомври, кога беа затворени повеќе од 19 милијарди долари позиции купени со позајмени средства, се откри колку е пазарот кревок.
Настанот предизвика домино-ефект од повици за дополнително обезбедување, одливи од берзански фондови и практично замрен интерес за нови купувања.
„Инвеститорите малку тапкаат во темнина, немаат јасна насока за макроекономијата, па го следат само тоа што го прават големите ‘китови’ на блокчејн-мрежата и тоа ги загрижува“, рече Џејмс Батерфил, раководител на истражувања во „Коиншерс“ (CoinShares).
Силниот скок на биткоинот над 126.000 долари претходно годинава се темелеше на две очекувања: повеќекратни намалувања на каматите од Федералните резерви и растечко институционално усвојување. И двете приказни запреа, а инвеститорите што купуваа во периоди на забрзан раст се повлекоа. Падот силно ги погодува трезорските фирми за дигитални средства, чии вреднувања беа изградени врз претходниот силен раст на пазарот.
Во меѓувреме, етeрот повторно падна под 3.000 долари. По слабата прва половина од пазарниот подем годинава, вториот најголем токен во август се искачи до речиси 5.000 долари, накратко надминувајќи го својот врв од 2021 година, но оттогаш ги загуби тие добивки.
„Мислам дека сме поблиску до крајот на распродажбата отколку до нејзиниот почеток, но пазарите се нервозни и криптото може да оди уште пониско пред да најде основа за закрепнување“, рече Метју Хауган, главен инвестициски директор на БАМ (Bitwise Asset Management)
Биткоинот во четвртокот се тргуваше по 92.395 долари во 11:39 часот во Сингапур.