text size
Криптосветот веќе извесно време може да се опише како стабилна сфера за инвестирање, без посериозни потреси, по оние минатогодишните, но и со стабилен тренд на закрепнување. По ланските турбуленции на пазарот, предизвикани најмногу од пропаѓањето на неколку криптоберзи, развиените земји се насочија кон сериозна регулација на криптопазарот, што несомнено резултира со враќање на довербата на инвеститорите, особено институционалните, во овие средства.