text size
Годинава во криптосекторот имаше многу турбуленции, стечаи, парични и затворски казни. Oд судскиот процес против Сем Банкмен-Фрид поради скандалот со криптоберзата FTX, преку До Квон, коосновачот на „Тераформ лабс“ (Terraform Labs), кого американските обвинители го обвинија за оркестрирање на наводна измама што минатата година збриша најмалку 60 милијарди долари пазарна вредност од криптовалутите тераУСД и луна, до казната за „Бајненс“ (Binance) за прекршување на законите во САД и падот на Чангпенг Жао. Се поставува прашањето колку треба да биде светла иднината на криптопазарот за да може да ги засени сите негативни случувања во 2023 година.