text size
Биткоинот е познат по својата нестабилност и дека е склон кон ненадејни скокови на цените и брзи промени кои можат да збришат милиони долари во вредност за само неколку минути. Овие промени често се мистериозни за набљудувачите на пазарот, поради недостатокот на врски на дигиталната валута со реалната економија. Биткоинот има уште една необичност, која е вградена во кодот на кој почива самата монета - формулата што ја регулира стапката со која се создаваат новите биткоини периодично се менува. Како што се приближува уште еден таков настан - наречен преполовување (анг. halving) - поддржувачите на биткоинот и скептиците подеднакво дебатираат каков ефект може да има врз вредноста на токенот. Биткоинот достигна рекордни височини по секое од последните три преполовувања, а се искачи над 40.000 долари на почетокот на декември за првпат од април 2022 година.