text size
Цената на биткоинот во понеделникот надмина 72.000 долари, забележувајќи нов историски рекорд и раст од над 65 отсто од почетокот на годината. Развојот првенствено е поттикнат од приливот на пари во американските спот биткоин ЕТФ-ови (берзански фонд), кои беа лансирани на почетокот на 2024 година и кои го исполнија деценискиот сон на криптозаедницата. Сепак, статистичките параметри покажуваат дека за време на моменталниот замав на највредната криптовалута, на дневна основа се генерираат помалку биткоин-милионери (оние чии средства во биткоин ја надминале вредноста од еден милион долари) отколку што беше случајот кога цената на биткоинот драстично се зголеми.