text size
Над 3,4 милијарди евра им должат македонските домаќинства на банките на име на издадените кредити заклучно со август годинава. Сумата е за 7,7 проценти повисока од истиот месец минатата гоидна колку што е всушност и годишниот кредитен раст на секторот домаќинства. Во услови на разнишани економски услови, висока инфлација, продолжена глобална политичка криза анализираме кои се ризиците за овој долг на домаќинствата. Има неколку пунктови кои можат да укажат дали се зголемува ранливоста на позајмените пари, а клучни за анализа се учествата на овој долг во Брутодомашниот производ (БДП) и во расположливиот доход на домаќинствата.