text size
Нов раст на каматните стапки на државни обврзници. Се поскапо станува задолжувањето дома, а на последната аукција на која Министерството за финансии издаде 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула купонската каматна стапка беше 4,40 проценти. Овие хартии од вредност од денеска котираат на Македонска берза. Министерството издаде емисија вредна 309.040.000 денари односно 30.904 обврзници секоја со номинална вредност од 10.000 денари. Овие обврзници достасуваат на 13 октомври во 2037 година.