text size
Најновото разгорување на тензиите околу Ормускиот Теснец се заканува со нови глобални прекини во снабдувањето, но не само кај нафтата и гасот. Блискиот Исток освен што е седиште на водечките земји на ОПЕК, е и водечки производител на суровини, како вештачки ѓубрива, сулфур, алуминиумски производи, но и хелиум, коишто играат клучна улога во сè - од чиповите што ја напојуваат вештачката интелигенција до основните прехранбени производи во супермаркетите.