text size
Од декември ќе нема пелети, предупредуваат трговците. Тие тврдат дека во моментов пелетите се увезуваат по најмалку иста или повисока цена од продажната. Владата на 2 ноември донесе одлука да ја ограничи продажната цена на огревното дрво и на пелетите. Според тоа, максималната продажна цена на пелетите е 27 денари за килограм, а трговците со пелети велат дека увозната цена во моментов се движи од 27 до 31 денар.