text size
Минатата недела беше турбулентна за цената на нафтата. Просечната цена на нафтата брент изнесуваше 94 долари за барел. Во понеделникот пред полноќ по европско време барелот нафта надмина 95 долари. Над оваа сума се задржа до средината на денот, а највисоката цена стигна до 95,85 долари, потоа тргна надолу. Во однос на неделата претходно, просечната цена на нафтата се зголеми за над еден и пол долар по барел (во периодот од 11 до 15 септември просечната цена изнесуваше 92,44 долари).