Претседателот Доналд Трамп ја повика Кина да стапи во контакт со него за да започнат преговори насочени кон решавање на ескалирачката трговска војна меѓу двете најголеми економии во светот.
„Топката е кај Кина. Тие треба да склучат договор со нас. Ние не мора да склучиме договор со нив“, изјави во вторникот портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, читајќи изјава што, како што рече, ја диктирал Трамп.
„Нема разлика меѓу Кина и која било друга земја, освен што тие се многу поголеми, и Кина го сака она што го имаме ние, она што го сака секоја земја – американскиот потрошувач – или, кажано на друг начин, им требаат нашите пари“, продолжи изјавата.
Прочитај повеќе

Царините на Трамп закана за вештачката интелигенција -потфрлија нарачките на холандски АСМЛ
Холандска компанија пријави резервации од 3,94 милијарди евра, аналитичарите очекуваа близу милијарда повеќе
16.04.2025

По трговската, добиваме и валутна војна
Доларот губи, франкот, јенот и еврото добиваат, а Пекинг вештачки го слабее јуанот.
16.04.2025

Како Шји ја гради кинеската империја со голема помош на Трамп?
Шји Џинпинг ја почна турнејата по Азија во обид да ја зацврсти позицијата на Кина.
15.04.2025

Кина доби најлоша прогноза за раст во 2025 година од УБС
Швајцарската банка, која претходно прогнозираше раст во 2025 година од четири проценти, ја задржа проценката за следната година на три проценти.
15.04.2025

Накратко од светот: Топката е кај Кина, порача Трамп
Кина мора да се договори со нас, а не ние со неа, порача американскиот претседател.
16.04.2025

Како политиката на Трамп „Drill Baby Drill“ влијае на енергетскиот сектор
Трамп има намера да ги намали цените на енергијата и да ги поедностави процедурите за издавање дозволи
16.04.2025

Варуфакис: Трамп како Никсон – контролиран колапс за хегемонија на САД
Грчкиот економист Јанис Варуфакис смета дека однесувањето на Трамп е веќе видена американска матрица.
14.04.2025
Овие коментари се уште еден знак дека САД и Кина продолжуваат да се вкопуваат во своите позиции, укажувајќи дека крајот на конфликтот, кој доведе до подигање на трговските бариери на неверојатни нивоа, не е на повидок.
Кина им нареди на своите авиокомпании да не примаат понатамошни испораки на авиони од „Боинг“ (Boeing Co.), според лица запознаени со ситуацијата. Тоа беше последниот потег на Пекинг за реванш против одлуката на Трамп да ги зголеми давачките на кинеската стока до 145 отсто.
Bloomberg
Американскиот претседател во вторникот ја критикуваше Кина во објава на социјалните мрежи, велејќи дека нејзината влада „штотуку се откажала од големиот договор со ’Боинг’“ потпишан за време на неговата прва администрација.
Администрацијата на Трамп соопшти дека преговара со десетици други трговски партнери за намалување на трговските бариери во замена за олеснување на повисоките царини што американскиот претседател им ги наметна. Тие давачки на 10 април беа ставени во мирување на 90 дена за да се остави време за преговори.
Трамп разгледува најмалку 15 предлози од други земји и му ставил до знаење на својот трговски тим дека „сака лично да го одобри секој од овие договори“, рече Ливит.
„Има многу работа. Тоа многу добро го разбираме, но веруваме дека наскоро ќе можеме да објавиме некои договори“, додаде портпаролката, без да прецизира кои нации се блиску до постигнување договори.
Но САД и Кина досега не се ангажирале на високо ниво, при што двете нации само разменуваат навреди и дополнително ги зголемуваат царините. Кина во петокот објави дека од 12 април ќе применува царина од 125 отсто на сите американски стоки, што е последната ескалација што започна на 2 април, кога Трамп наметна давачка од 34 отсто на кинескиот увоз.
Американскиот претседател ги зголемува тие давачки секојпат кога Кина објавува возвратни мерки. Белата куќа исто така инсистира дека Кина мора прва да стапи во контакт за да започнат преговорите, додека Пекинг укажа дека не е јасно какви се барањата на САД.
Кина, пак, ќе се вклучи во преговори со САД само ако нејзините лидери покажат почит кон Пекинг, според поранешен висок кинески економски функционер.
„Ако САД сакаат Кина целосно да го прифати американскиот предлог, да ги прифати американските услови, мислам дека нема преговори“, изјави Жу Гуангјао, кој беше заменик-министер за финансии на Кина од 2010 до 2018 година, во интервју во Сингапур.
Жу рече дека иако техничките тимови од двете земји остануваат во контакт, преговорите за „реципрочните“ царини на Трамп мора да се засноваат на меѓусебна почит, мирен соживот и перцепција дека и двете страни излегле како победници. Тој не појасни какви конкретни дејства би подразбирало тоа.
Кинескиот раст ќе биде под очекувањата
Инаку, трговската војна се очекува силно да ја погоди Кина. Нејзината економија веќе е под притисок од дефлација, ослабена потрошувачка и одложен пад во секторот за недвижности. Економистите ги намалуваат своите прогнози за растот на Кина годинава, при што швајцарската УБС (UBS Group AG) е најпесимистична меѓу големите банки, предвидувајќи дека економијата ќе порасне за само 3,4 отсто бидејќи американските царини го задушуваат извозот.
Жу рече дека Кина има „целосна доверба“ во исполнувањето на целта за раст од околу 5 отсто годинава, истакнувајќи дека ова е последната година од 14-от петгодишен план и дека земјата е на пат да ги постигне целите поставени во него.
Тој е исто така оптимист дека домашната потрошувачка ќе се зголеми годинава и рече дека Кина има „целосен капацитет“ да ја зголеми потрошувачката доколку е потребно.
Depositphotos
Жу бил заменик-министер за финансии до неговото пензионирање во 2018 година, надгледувајќи го Одделот за царински тарифи и играјќи клучна улога во трговските преговори меѓу САД и Кина. Последно што бил е советник во Државниот совет.
Кинеските официјални лица постојано велат дека се отворени за преговори, но не под притисок или закани. Претставникот за трговија на САД, Џејмисон Грир, рече дека Трамп очекува преговори „во одреден момент“, иако „сè уште не сме таму“. Претседателот рече дека го чека повикот од Кина и го опиша Шји Џјинпинг како пријател за кого има „голема почит“, истакнувајќи ја неговата преференција за преговарање лидер со лидер.
Жу ги критикуваше американските царини како многу штетни за националните интереси на Кина и рече дека Пекинг има долгорочна позиција да не попушта на надворешен притисок. Тој додаде дека принудата од Вашингтон ќе биде неефективна за решавање на спорот.
Кога беше прашан дали Кина би можела да ги продаде американските државни обврзници што ги има во посед како одговор на царините, Жу рече дека кинеската влада е „многу одговорен инвеститор“, кој ја цени стабилноста на глобалниот пазар. Кина, која поседува околу 700 милијарди долари американски долг, е вториот најголем странски доверител по Јапонија, што предизвикува загриженост дека би можела да ги искористи тие поседи како средство за притисок.
„Сепак, ова е засновано на меѓусебно разбирање, меѓусебна почит и меѓусебна соработка“, рече Жу, зборувајќи за ставот на Кина за нејзините државни обврзници. „Навистина се надевам дека САД и Кина, врз основа на меѓусебна почит, можат да се вратат на преговори“.
-Со помош на Џош Ксијао и Хаслинда Амин