Демократската гувернерка на Мичиген, Гречен Витмер, му укажала на претседателот Доналд Трамп дека неговите царини имаат негативно влијание врз клучната автоиндустрија во нејзината сојузна држава, за време на затворена средба во Белата куќа.
Витмер, која се споменува како можна кандидатка за претседателските избори во 2028 година, во вторникот изнела аргумент дека економијата на Мичиген е тесно поврзана со производството на автомобили и дека царините ѝ нанесуваат штета, наведува извор запознаен со детали од состанокот. Таа посочила дека Мичиген е ранлив на давачки кон Канада и Мексико и го повикала Трамп да ѝ помогне во отворањето работни места во сојузната држава.
„Секогаш ќе направам сè што можам за да им го олеснам животот на граѓаните на Мичиген и да ја зајакнам нашата економија. Треба да направиме сè што е во наша моќ за да ги намалиме трошоците и да создадеме повеќе добро платени работни места во Мичиген. Му благодарам на претседателот за времето и вниманието што ги посвети на темите за кои разговаравме“, изјави Витмер.
Прочитај повеќе

Што е дупката де минимис во царинскиот систем и зошто Трамп сака да ја затвори?
Американското укинување на поволноста за мали пакети ќе го забави растот на кинеските онлајн продавници и може да ги поскапи нивните производи.
05.08.2025

Царините на Трамп удрија врз автомобилската индустрија: Кој настрада најмногу?
Особено се на удар премиум брендовите поради притисокот од Трамп.
05.08.2025

Трамп ќе назначи нов гувернер на Фед и нов главен статистичар за вработување
Именувањата доаѓаат среде критики за политички притисок врз независни институции.
04.08.2025

Лошите вести за вработувањата во САД го нарушуваат мирот на Волстрит
Слабиот раст на работните места и најновата навала на царини од страна на Трамп ги потресоа инвеститорите.
02.08.2025
Средбата претставува најнов показател за широкиот одек од царинската агенда на Трамп, која има последици за сојузните држави и гласачите што му дадоа поддршка на изборите во 2024 година.
Трамп се обложува дека царините на увозот на возила и делови ќе донесат поголемо производство на автомобили во САД. Но постои ризик од нарушување на глобално интегрираните синџири на снабдување, што би можело да ги зголеми трошоците за производителите и потрошувачите.
Претставници на големата тројка производители на автомобили од Детроит изјавиле дека трговските договори склучени со Европската Унија, Јужна Кореја и Јапонија, со кои царините на извозот на нивни возила се намалуваат од 25 на 15 отсто, ги ставаат американските компании во неповолна положба.
Службеник од Белата куќа изјавил дека не е изненадувачки што Трамп внимателно го следи Мичиген, сојузна држава што ја освои со предност од еден процентен поен.
Според лицето запознаено со детали од состанокот, Витмер исто така побарала од Трамп побавно преминување и постепено воведување на новите правила за Медикејд (Medicaid) што се предвидени со неговиот клучен закон за даноци и трошење, со цел да се ублажи штетата за корисниците на оваа здравствена програма за сиромашните.
Во април Витмер се соочи со критики поради средбата со Трамп во Овалната соба, состанок што резултираше со непријатна фотографија на која таа си го покрива лицето со фасцикла кога новинарите влегуваат во просторијата. Таа аргументираше дека средбите со Трамп се дел од нејзината работа и носат резултати за нејзината сојузна држава, посочувајќи на новата мисија со борбени авиони за националната воздушна гарда „Селфриџ“ (Selfridge) во предградијата на Детроит.
„Отсекогаш сум говорела дека ќе соработувам со секого за да постигнеме резултати за Мичиген. Затоа продолжив да одам во Вашингтон за да осигурам дека граѓаните на Мичиген се во фокусот кога се носат клучни одлуки“, изјави Витмер.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...