text size
Речиси веќе една деценија слушам како дигиталните пророци предвидуваат иднина каде што банките ќе заштедат милијарди долари, клиентите ќе можат да го следат потеклото на нивното манго до органската фарма каде што се одгледувале, а финансиските посредници ќе станат нешто од минатото, сето тоа благодарение на блокчејн-технологијата. Чекав да дојде таа иднина, но никогаш не ја доживеав во моето секојдневие.