text size
Пресметката изгледа вака: приближно четири тони рози или 1.600.000 цветови се потребни за да се добие еден килограм масло од роза. Купувачите се подготвени да платат 15.000 долари за еден килограм бугарско масло од роза, кое се смета за највредно. За да се произведе таа количина, според „Бизнис инсајдер“ (Business Insider), производителите мора да поминат една година обработувајќи полиња кои цветаат само неколку недели. Ливчињата се дестилираат веднаш откако ќе се соберат, што производителите ги чини 8.000 долари по килограм само за работна сила.