text size
Популарноста на славните повторно носи добри продажни резултати. Тоа е заклучокот од масовната аукција на личните предмети на поп-ѕвездата Елтон Џон во аукциската куќа „Кристи“ (Christie's) во Њујорк, која се случи во средата вечер. Се продаваа мебел, уметнички дела, облека и сувенири од поранешниот стан на Џон на „Пичтри роуд“ во Атланта, а оваа вечер беше првата од осумте планирани аукции.