text size
Кога се навраќам на врвот на „културата на постојана зафатеност“ во текот на 2010-тите, се сеќавам како извршната директорка на „Јаху“ (Yahoo Inc.), Мариса Мајер, за „Блумберг бизнисвик“ (Bloomberg Businessweek) тврдеше дека е можно да се работи 130 часа неделно, под услов „стратешки“ да испланирате кога ќе одите во тоалет. Се сеќавам и на медиумската директорка Џоан Колс, која вежбала брзо одење на лента за трчање во високи потпетици и изјавила за „Д кат“ (The Cut): „Не сум особено заинтересирана за опуштање“.