„Епл“ (Аpple Inc.) отстрани услуги за социјално вмрежување, вклучувајќи ги и Ватсап (WhatsApp) и Тредс (Threads) на „Мета“ (Meta Platforms Inc.), од својата кинеска продавница за апликации, одговарајќи на наредбите од Пекинг да се затворат повеќе дупки во заштитниот интернет-ѕид на земјата.
Производителот на ајфони исто така ги отстрани услугите за пораки Телеграм (Telegram) и Сигнал (Signal), според консултантите што го следат просторот. „Епл“, кој постојано се адаптира на еден од најригидните режими за цензура на интернет во светот, посочи дека Кинеската управа за сајбер-простор наредила отстранување на апликациите поради загриженост за националната безбедност.
Наредбите доаѓаат веднаш по програмата за прочистување што кинеските регулатори ја воведоа во 2023 година, а која се очекуваше да отстрани многу непостојни или нерегистрирани апликации од домашните продавници за иос (iOS) и андроид (Android) апликации, вклучувајќи и локални. Во август Кина побара од сите развивачи на мобилни апликации да се регистрираат кај владата до крајот на март или да престанат со работа.
Прочитај повеќе
Поранешен министер на САД собира група инвеститори за да го купи Тикток
„Oва е одлична работа“, рече поранешниот министер Сивен Мнучин. „Тикток треба да биде во сопственост на американска компанија“.
15.03.2024
Во САД усвоен нацрт-законот со кој може да се забрани Тикток
САД може да ја забранат платформата, освен ако кинеската компанија што ја поседува не го продаде својот американски оддел.
14.03.2024
Конгресот на САД не се откажува од забраната на Тикток, корисниците гневни
Ако кинеската „Бајт денс“ не го продаде Тикток, апликацијата може да биде забранета во САД.
09.03.2024
Пекинг со години ја забранува употребата на странски платформи за пораки и социјално вмрежување како Ватсап (WhatsApp), користејќи го она што индустријата го нарекува Голем огнен ѕид (Great Firewall). Тоа им помогна на апликациите како Вичет (WeChat) на „Тенсент“ (Tencent Holdings Ltd.) да доминираат во домашната употреба, иако кинеските корисници сè уште можат да користат виртуелни приватни мрежи за следење странски медиуми.
„Помалку чувствителните апликации со позначајно дејствување во Кина, како што е Дуолинго (Duolingo), се очекува да се усогласат со најновиот регулаторен режим за лиценцирање за да останат оперативни“, рече Рич Бишоп, соосновач и главен извршен директор на „Апинчајна“ (AppInChina).
„Тоа ќе значи дека кинеските корисници ќе останат многу ограничени само на кинески апликации, со мал број меѓународни“, рече Бишоп, чие консултантско друштво добило десетици прашања од компании за тоа како да останат усогласени и да објавуваат софтвер во Кина. „Тоа е доста голема промена - така што во извесна смисла дополнително ќе ги отсече кинеските граѓани од остатокот од светот“.
Акцијата против американските технолошки услуги доаѓа во услови кога американската влада презема чекори кон забрана на Тикток (TikTok), хит видеоплатформата на кинескиот „Бајтденс“ (ByteDance Ltd) со седиште во Пекинг. Американските политичари исто така ги наведоа грижите за националната безбедност како аргумент во нивниот обид да ја принудат компанијата или да го продаде Тикток на некинески сопственик или да се соочи со забрана на американскиот пазар.
„Ние сме обврзани да ги следиме законите во земјите во кои работиме, дури и кога не се согласуваме. Кинеската управа за сајбер-простор нареди отстранување на овие апликации од кинеската продавница врз основа на нивните грижи за националната безбедност“, се наведува во соопштението на „Епл“.