text size
Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ очекува Народната банка на Македонија да ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 100 базични поени во следните шест месеци од сегашните 4,25 на 5,25 проценти. Главни причини за тоа се тековната борба против високата инфлација и потребата да се заштити стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото. Во пошироката регионална анализа на монетарните политики, нашиот аналитички тим дава прогнози за движењето на клучните каматните стапки до крајот на 2023 година.