text size
Заострување на кредитните услови за компаниите и за домаќинствата во последното тримесечје од годинава очекуваат банките во Македонија, покажува новата анкета за кредитна активност на Народната банка. Со тоа продолжува трендот на заострување на кредитните политики кој го обележа и третиот квартал од годинава, а кој делумно е предизвикан од промените во монетарната политика. Имено, Народната банка во неколку наврати ја зголеми основната каматна стапка до 3,5 проценти и презеде уште неколку чекори за затегнување на монетарната политика за да ги намали инфлаторните притисоци во македонската економија.