Според судски документи, основачите и клучните луѓе на пропаднатите компании од групацијата FTX добиле 3,2 милијарди долари (ако се сметаат уплатите и заемите) од криптофондот „Аламеда рисрч“(Alameda Research).
Оваа сума вклучува и 2,2 милијарди долари што ги добил Сем Банкмен-Фрид, покажуваат судските записи. Банкмен-Фрид е еден од основачите на компанијата и сега чека судење, откако се изјасни за невин за продолженото кривично дело измама што наводно го извршил додека бил на чело на криптоберзата.
Исто така биле воспоставени и следните трансакции:
Прочитај повеќе
![FTX ja вовлече банката Силвергејт во проблеми](/data/images/2023-01-27/22015_ftx_kf.jpg)
FTX ja вовлече банката Силвергејт во проблеми
„Силвергејт капитал“ (Silvergate Capital) е банка што индиректно се занимава со криптовалути.
06.03.2023
![FTX почнува да им враќа пари на клиентите во Јапонија](/data/images/2023-02-21/24065_ftx_kf.jpg)
FTX почнува да им враќа пари на клиентите во Јапонија
Јапонската подружница на пропаднатата криптоберза планира да овозможи исплати во вторник.
21.02.2023
![Државата од Банкмен-Фрид може да одземе имот од 700 милиони долари](/data/images/2023-01-21/21596_sam-bankman-fried-sudnica-njujork_kf.jpg)
Државата од Банкмен-Фрид може да одземе имот од 700 милиони долари
Се користат налози за одземање имот за да се врати она што е незаконски стекнато од страна на обвинетите.
21.01.2023
![Бaнкмен-Фрид се изјасни за невин, судењето закажано за октомври](/data/images/2022-12-22/19309_394546072_kf.jpg)
Бaнкмен-Фрид се изјасни за невин, судењето закажано за октомври
Основачот на FTX, Сем Бaнкмен-Фрид, во вторникот се изјасни за невин по кривичната пријава.
04.01.2023
1. 587 милиони долари добил Нишад Синг, поранешен директор на инженерскиот оддел на FTX;
2. 246 милиони долари добил Гери Ванг, коосновач на компанијата;
3. 87 милиони долари заминале кај Рајан Саламе, еден од директорите на „ФТХ дигитал маркетс“ (FTX Digital Markets);
4. 25 милиони долари му биле префрлени на Сем Трабуко, еден од директорите во „Аламеда“;
5. Керолин Елисон, поранешната генерална директорка на „Аламеда“, пак, добила шест милиони долари.
Во оваа сума не се вклучени 240-те милиони долари потрошени за купување луксузен имот на Бахамите, како ниту политички или хуманитарни донации од FTX. Исто така, не се опфатени трансакциите со подружниците на Бахамите и на други места, се додава во документите.
Тие го истакнуваат и фактот дека „во моментов не може да се предвидат износот и времето на евентуално враќање на средствата“ и додаваат дека со форензичка анализа најверојатно ќе се откријат уште средства и трансакции.
Регулаторите во САД тврдат дека FTX ги користел средствата на штедачите да тргува со својот хеџ-фонд „Аламеда“, како и за лични трошоци. Елисон, Ванг и Синг се изјаснија за виновни и соработуваат со сојузното обвинителство.
FTX доживеа банкрот во ноември 2022 година, а во буџетот остана дупка од осум милијарди долари. Судот се обидува да утврди колку пари може да им бидат вратени на оштетените.