text size
Над 70 милиони евра се вкупните приходи од работењето на НЛБ банка во деветте месеци годинава. Банката денеска ги објави финансиските показатели за тој период. Според нив, вкупните приходи пораснале за 16,7 отсто во однос на истиот период лани. Во тоа време НЛБ банка успеала да го зголеми профитот за 19,1 проценти, до 39,6 милиони евра.