„Блекрок“ (BlackRock Inc.) планира да купи околу 10 отсто од акциите понудени во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Сркл“ (Circle Internet Group Inc.), според лица запознаени со ситуацијата, додека световите на традиционалните финансии и криптовалутите продолжуваат да ги продлабочуваат своите врски.
Издавачот на стабилни коини и некои од неговите акционери, вклучувајќи го и коосновачот и извршен директор Џереми Алајр, имаат цел да соберат до 624 милиони долари преку понудата, според поднесок до Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ) во вторникот. Инвестициската компанија на Кети Вуд, „Арк“ (Ark Investment Management), изразила интерес да купи акции во вредност до 150 милиони долари.
Според „Блумберг њуз“ (Bloomberg News), ИПО-то на „Сркл“ добило нарачки за повеќекратно повеќе акции отколку што се достапни. Се очекува зделката да биде оценета на 4 јуни.
Прочитај повеќе

„Блекрок“ ќе го претстави својот прв биткоин ЕТФ во Европа
„Блекрок“, најголемиот управител на средства во светот, се подготвува да листира производ поврзан директно со биткоин во Европа.
06.02.2025

Крипто ЕТФ-ови: Дали ни претстои експлозија на нови фондови во 2025 година?
Неколку фондови поврзани со крипто чекаат одобрение за тргување на берзите во САД.
07.01.2025

Како да инвестирате во биткоин ЕТФ?
ЕТФ е кошница од хартии од вредност што следи одреден индекс или средство.
05.03.2024

„Блекрок“ меѓу гигантите кои добија одобрение за биткоин ЕТФ фондови
Американските регулатори за првпат одобрија фондови со кои се тргува преку берза, а кои инвестираат директно во биткоин.
11.01.2024

Одобрени се биткоин ЕТФ фондови, пресвртница за криптосредствата
Потег што беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства вреден околу 1,7 трилион долари.
11.01.2024
„Блекрок“ управува со државен паричен пазарен фонд во име на „Сркл“, кој држи 90 отсто од резервите што го поддржуваат нивниот стабилен коин USDC, според поднесокот. СРФ (Circle Reserve Fund) има салдо од 53,5 милијарди долари заклучно со 22 мај, според веб-страницата на компанијата.
Деталите за понудата може да се променат, а „Блекрок“ може да ја стекне сопственоста преку посреднички инструмент или поврзано правно лице, или пак да се откаже од зделката, велат упатените, барајќи анонимност бидејќи информациите не се јавни. Претставници на „Блекрок“ и „Сркл“ одбиле да коментираат.
Криптокомпаниите сè повеќе ја поврзуваат својата иднина со јавните пазари во САД, бидејќи претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници во владата ја прифаќаат индустријата, давајќи ѝ одреден степен на легитимитет. Предложените регулативи што се разгледуваат во Претставничкиот дом и во Сенатот на САД би барале стабилните коини да бидат поддржани со готовина и безбедни средства.