Дубајската компанија „Бингати“ (Binghatti Holding Ltd.) е во разговори со банки за можно првично јавно понудување на акции (ИПО), велат добро упатени извори, додека фирмата се обидува да го искористи бумот на пазарот на недвижности во емиратот.
Според изворите, за потенцијалното излегување на берзата во Обединетите Арапски Емирати, „Бингати“ работи со „Ситигруп“ (Citigroup Inc.), „Морган Стенли“ (Morgan Stanley), „Емиратс“ (Emirates NBD) и „ЕФГ Хермес“ (EFG Hermes). Тие додаваат дека тајмингот и обемот на евентуалната продажба сè уште не се утврдени, а можно е и воопшто да не дојде до договор.
Портпарол на „Бингати“ изјави дека компанијата не коментира шпекулации, а претставници на банките одбија да дадат изјава.
Прочитај повеќе

Бумот на станбениот пазар во Дубаи го разгорува стравот од нов колапс
Дубаи бележи рекорден бум на недвижности, со луксузни проекти и скок на цените, но некои од аналитичарите предупредуваат за уште еден можен колапс.
12.09.2025

Дубаи не е лага - седум причини зошто заслужува посериозен третман во нашата земја
Истакнуваме седум причини зошто е време да престанеме да го гледаме Дубаи како „меур“, туку да го гледаме таков каков што е - сериозен бизнис, логистички и инвестициски центар на 21 век.
28.07.2025

Нов рекорд на продажбата на луксузни имоти во Дубаи пред царините на Трамп
Според истражувањата на „Најт Френк“, во првите три месеци од 2025 година се продадени 111 дома, со вкупна вредност од 1,9 милијарда долари, што е зголемување од 5,7 проценти во однос на истиот период лани.
22.04.2025

Дубаи гради нови ексклузивни вили за да ги привлече светските ултрабогаташи
Дубаи додава нова серија на луксузни вили и станови, при што некои се опремени со кина, спа-центри и приватни лифтови.
04.02.2025
Плановите за ИПО доаѓаат во време кога пазарот на станови во Дубаи продолжува да расте, и покрај тарифните турбуленции и регионалните геополитички тензии. „Бингати“ е меѓу добитниците од овој тренд, при што во првата половина од годината пријави профит од 1,82 милијарда дирхами (496 милиони долари), повеќе од двојно зголемен во споредба со истиот период лани.
Сепак, аналитичарите, вклучувајќи ги и „Фич рејтингс“ (Fitch Ratings), предупредуваат дека голем прилив на нова понуда на станови би можел да предизвика промена до 2026 година. УБС (UBS Group AG) неодамна оцени дека пазарот на недвижности во Дубаи се соочува со „зголемен“ ризик од балон.
Планираното ИПО би било дел од пошироката стратегија на „Бингати“ за собирање капитал.
Дигитален приказ на „Мерцедес-Бенц плејсис“ на „Бингати“
Компанијата неодамна формираше оддел за управување со средства и планира да собере приватен кредитен фонд од 500 милиони долари за кредитирање подизведувачи и доставувачи со кои соработува подолг период, изјави вчера финансискиот директор Шехзад Џанаб. Собирањето капитал се очекува да започне во текот на годинава или на почетокот на следната, а целни инвеститори се семејни канцеларии и институционални фондови. Компанијата за недвижности веќе обезбеди 460 милиони долари во обврзувања нов фонд за недвижности.
„Бингати“ исто така собра една милијарда долари преку две сукук-емисии (исламски обврзници) годинава, приклучувајќи им се на бранот компании со седиште во ОАЕ што собираат средства преку исламските пазари на долгови. Достасувањата на обврзниците се врзани за временските рокови на проектите, изјави извршниот директор Катрлнада Бингати.
Компанијата навлезе и со луксузни проекти, претставувајќи планови за кула со брендот „Мерцедес“ и една од највисоките станбени згради во светот. Сепак, станбениот сегмент од средната класа останува нејзиното јадро, додека проектите од високата класа сочинуваат околу 37 отсто од вредноста на портфолиото заклучно со јуни.
Бумот на пазарот на недвижности во Дубаи поттикна повеќе излегувања на компании на берзата поврзани со овој сектор. Државната „Инвестмент“ (Investment Corp. of Dubai) неделава собра 381 милион долари преку ИПО на изведувачот „Алек холдингс“ (Alec Holdings PJSC), додека инвестициски фонд под контрола на владетелот на емиратот планира да листира трговски центри и комерцијални објекти, откако во мај обезбеди 584 милиони долари од станбен инвестициски фонд за недвижности.
„Арабиан констракшн“ (Arabian Construction Co.), онлајн платформата „Дубизл“ (Dubizzle Ltd.) и „Дубаи инвестментс парк девелопмент“ (Dubai Investments Park Development Co.) исто така се подготвуваат за излегување на берза, објави „Блумберг“ (Bloomberg News).
„Сепак, инвеститорите веќе ја почувствуваа нестабилноста на овој сектор, а пример за тоа е повлекувањето на ‘Дамак пропертис’ од берзата во 2022 година, по цена значително пониска од онаа на првичното јавно понудување.“
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...