text size
Туризмот во регионот Адрија годинава ќе се доближи до бројките од претпандемиската 2019. Податоците на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ покажуваат дека Србија е единствена земја која до мај веќе ги надминала бројките од пред пандемијата. Хрватска и Словенија имаат силен раст на туризмот, а Босна и Херцеговина и Македонија имаат значително подобри резултати споредено со пандемиските 2020 и 2021 година.