text size
Пандемијата покажа колку е ранлив туристичкиот сектор. Дестинациите кои негуваат традиоционален масовен тиуризам доживеаа пад од 70 до 80 отсто, за разлика од континенталниот туризам каде падот изнесуваше околу 50 отсто. Во континенталните земји и закрепнувањето беше побрзо. Таква е и Македоонија. Падот во 2020 беше драстичен, но затоа растот на бројот на странски туристи лани изнесуваше 139 отсто што ја вброи земјата во првите пет дестинации по раст од страна на UNWTO. Растот продолжува и годинава.