text size
Има голем простор за проширување на трговската размена меѓу земјите од регионот Адрија (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија), со оглед на тоа што најголем дел од нивните извозно-увозни активности засега е насочен кон земјите од ЕУ, пред сè Германија, која се јавува како еден од главните трговски партнери на сите земји од регионов. Освен тоа, заедничко за повеќето држави е што преработувачката индустрија има главна улога во извозното и во увозното салдо и дека регионот станува значителен снабдувач на автомобилската индустрија. Анализиравме какви се трговските трендови во регионот во 2024 година.