Адриа

Србија го ограничи извозот на пелети, главоболки во Македонија

Извор: Хана Стевовиќ, Тео Зориќ, Пиа Беден, Владимир Николоски

05. Август 2022, 14:43

На македонскиот пазар веќе се чувствува недостиг од пелети

Србија го ограничува извозот до ноември

Србија го ограничи извозот на пелети, главоболки во Македонија

Drosječa

Владата на Србија вчера поради кризата ја ограничи цената на пелетите на 38.000 динари за тон и ѝ се придружи на Босна и Херцеговина во привремената забрана за извоз, што може дополнително да ја влоши состојбата во Македонија со оглед на тоа што веќе се јавува недостиг од пелети на пазарот.

Производителите во Србија со месеци се жалат дека на пазарот нема доволно дрва за производство на пелети, за што го обвинија ЈП „Србијашуме“. Од тоа јавно претпријатие изјавија дека доставата доцнела бидејќи поради продолжената зима и снегот не можело да се започне со сечење дрва пред први април.

Во соопштението, владата додава дека одлучила да ги преземе овие чекори со цел да се спречи недостиг на пелети „поради зголемениот извоз и потребата на населението од залихи предизвикани од кризата на светскиот енергетски пазар“. Мерките ќе траат 90 дена, т.е. до први ноември.

Bloomberg
 

Сепак, експертите за „Блумберг Адриа“ велат дека нема доволно пелети ниту за домашниот пазар. Претседателот на бизнис клубот „Привредник“, Зоран Дракулиќ, претходно за „Блумберг Адриа“ изјави дека забраната за извоз не е неопходна, бидејќи Србија не извезува пелети.

„Колку што знам, никој од нашите производители, особено поголемите, воопшто не извезува, бидејќи имаме прилично голем домашен пазар. Извезуваме нешто минимално во Северна Македонија, со која соработуваме десет години“, изјави Дракулиќ.

Тој вели дека неговата компанија лани продавала пелети за 170 евра за тон, а годинава за околу 260 евра без ДДВ. Максималната малопродажна цена сега е ограничена на околу 320 евра.

До пред 10-15 години, кога започна интензивното производство на пелети, Србија извезуваше 90 отсто од производството на пелети. Денеска ситуацијата е сосема поинаква - повеќе од 90 отсто од домашното производство се пласира на домашниот пазар, а количините што недостасуваат се увезуваат, велат од ПКС за „Блумберг Адриа“.

Падот на извозот и порастот на увозот на пелети започна во 2015 година. Според податоците на ПКС, во тој период производството било околу 80 тони годишно и се зголемувало од година во година.

Босна и Херцеговина

Одлука за забрана за извоз на пелети од земјава донесе и Советот на министри на Босна и Херцеговина. Таа одлука значи дека летово во БиХ треба да се стабилизираат цените на огревното дрво и производите од дрво, како што се пелетите, а забраната треба да важи до крајот на септември годинава, со можност за продолжување.

Цената на еден тон пелети во Босна и Херцеговина е околу 327 евра (околу 38 илјади динари), што е максималната пропишана малопродажна цена во Србија. Мухамед Хелиќ, менаџер на компанијата „Дрвосјеча“, која е на пазарот на сите видови огревно дрво и енергија во Босна и Херцеговина како и во Европа, за „Блумберг Адриа“ изјави дека по забраната за извоз таа цена паднала на 302 евра за тон. Но, поскапувањето на горивата, кое е клучно во дрвопреработувачката индустрија, додаде масло на огнот и ги врати цените на пелетите на 327 евра.

Со забраната за извоз, Босна и Херцеговина има доволно енергија за своите потреби.

„До истекот на забраната за извоз, цената на пелетите ќе остане иста. Нема основа да се зголемува“, истакна Хелаќ.

Словенија

 Во Словенија во мај просечната цена на тон пелети спакувани во вреќи од 15 килограми изнесува 344 евра, што е четвртина повеќе од почетокот на грејната сезона, покажуваат податоците на Шумскиот институт на Словенија. Ова е особено значајно бидејќи во претходните сезони во мај и јуни цената достигна најниско ниво во целата година.

Стоката наменета за Словенија може да претставува проблем во моментот кога тамошните увозници и трговци ги полнат магацините за грејната сезона. Забраните за извоз во Србија и Босна и Херцеговина секако ќе се одразат на снабдувањето на Словенија, на која Босна и Херцеговина е четврти најголем увозен партнер.

Македонија

Цената на пелетите расте и во Македонија, каде веќе има недостиг на пазарот. Инспекторите излегоа на терен по поплака дека трговците ги чуваат залихите и манипулираат со цените, но главниот заклучок беше дека манипулациите се минимални и дека цените се високи поради движењата на светскиот пазар.

Инспекторите извршиле 131 надзор и констатирале седум неправилности. Неправилностите се состојат во тоа што трговците кај себе ја немале евиденцијата, па инспекторите не можеле да утврдат по која цена се набавени пелетите и колку залиха има.

„Утврдивме дека нема големи количини на залиха, а цената се зголемува од јануари наваму. Утврдивме дека поскапувањето е оправдано и дека тоа се должи на тоа што пелетите се увезени, а документацијата покажува дека откупот цената се зголемува Цената на пакување од 15 кг е од 220 до 390 денари (3,57 до 6,33 евра). Маржата на трговците е од 10 до 40 отсто во зависност од трговецот и квалитетот на пелетите“, изјави за „Блумберг Адриа ТВ’директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симоска Димоска.

Истражувањето на „Блумберг“ покажува дека Европа ќе доминира на пазарот на пелети со максимален удел на пазарот во иднина.

„Благодарение на широката употреба на електрични котли во сегментот за греење на станбени простории, се очекува пазарот на дрвени пелети да создаде профитабилни можности во секторот за обновливи извори на енергија“, се вели во истражувањето.

„Зголемената побарувачка во станбениот и комерцијалниот сегмент за греење ги принудува производителите интензивно да извлекуваат дрвени пелети до 2031 година.

Напишано со помош на Вања Поповиќ и Сузана Пељто.

 

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија