text size
Фед ќе продолжи да ја олабавува монетарната политика и во текот на 2025 година, прогнозира аналитичарот на „Блумберг Адрија“ Михаел Блажековиќ. Тој проценува дека референтната каматна стапка до крајот на годината би можела да падне на ниво од 3,75 отсто, што е за 175 базични поени пониско од највисоката стапка од овој циклус на монетарно затегнување (5,5 отсто).