text size
Земјите од Европската унија треба да се погрижат да нема попуштање во борбата против инфлацијата во време на висока економска несигурност. Во препораките за политиките што денеска треба да им бидат предадени на земјите-членки, а кои ги виде „Блумберг Њуз“ (Bloomberg News), Европската комисија, извршната власт на ЕУ, им укажува на националните влади дека „ќе биде потребно време за да исчезне притисокот врз цените“, така што „борбата против инфлацијата останува клучен приоритет за политиките во наредниот период“.