text size
Кинеските производители на автомобили и европскиот „Стелантис“ (Stellantis) се соочуваат со најголеми загуби директно поврзани со нападот врз Иран и затворањето на Ормускиот Теснец. Блокадата го нарушува автомобилскиот пазар на Блискиот Исток, кој регистрирал продажба на околу три милиони нови возила во 2025 година, според наодите на глобалната консултантска куќа „Бернстајн“ (Bernstein), а пренесени од аналитичкиот веб-сајт „Инвестинг“ (Investing.com).