text size
Поради мерката со која Владата ги ослободи од оданочување со Данокот на додадена вредност (ДДВ), основните производи за исхрана во одреден период има извесно намалување на приходите од овој данок, вели во интервју за Блумберг Адриа, Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи. Сепак, како што тврди, наплатата на сите даночни приходи оди со предвидена динамика, а повратот на ДДВ за фирмите во јули и август е значајно поголем од истите месеци лани. Со Лукаревска разговарам и за даночните реформи за кои смета дека се во насока на зголемување на праведноста во оданочувањето. Во услови на криза многу држави размислуваа или веќе ги зголемија даноците на добивките на компаниите кои профитираа најмногу, па директорката вели дека тоа е така и солидарно. Не ја отфрли оваа можност и за македонски услови.