text size
Снабдувањето со гас, неговата цена, влијанијата - сето ова е тема број 1 во светот сега, најмногу од стартот на руската инвазија на Украина, а пред стартот на зимата која токму поради ова ќе биде една од најтешките за Европа. Се креираат повеќе сценарија за презимувањето, а и Македонија секако трпи директни последици од овој развој на настаните. И кога ги анализираме нашите опции поголем дел се сведува на прашањето околу скапата струја која пак, секако поскапува и поради високите цени на гасот. Дали ако имавме целосна гасификација на земјата сега ќе ни беше полесно? Ќе беше скапо и неизвесно, ама секако и сега е така. Дополнително цената за алтернативите за производство на струја од која се зависни најголемите индустриски капацитети ќе значи многу поголемо загадување. Затоа, цената на неисполнетите ветувања за гасификацијата и лежерноста на сите околу процесот секако, е превисока.