text size
Голем број македонски компании ќе ги одложат новите инвестиции, а некои од нив ќе бидат приморани да го намалат или целосно да го згаснат производството. Најголем дел од граѓаните ќе бидат принудени да ги рационализираат семејните буџети и да трошат помалку пари. Владата ќе треба да бара извори за нови задолжувања за да ги врати старите долгови и за да ја покрие дупката во буџетот која ќе се јави поради намалената економска активност и мерките за ублажување на енергетската криза.