text size
Инфлацијата да се заузда сериозно и по цена една или две години да има блага рецесија на економијата, смета професорот Никола Поповски, поранешен министер за финансии. Тој, други универзитетски професори, експерти и претставници на бизнис заедницата дебатираа на онлајн дебата во организација на првата македонска банкарска академија - АБИТ, а во рамките на Глобалната недела на претприемништвото на тема „Пост-ковид периодот и високата инфлација – ефекти за економијата и банките“. Во заклучоците од дебатата меѓудругото се тврди дека за македонската економија е потребно итно преструктуирање, а во услови на предизвикувачки економски околности монетарната и фискалната политика нужно е да делуваат координирано.