text size
Третина од вкупното население во земјава живее во Скопје и околината. Тоа создава близу половина од бруто-домашниот производ (БДП) во земјава. Државната статистика уште еднаш објави поразителни бројки за рамномерниот развој на регионите во земјава. И во 2021 година, Скопскиот Регион бил далеку пред другите седум плански региони во Македонија.