text size
Последиците од пандемијата на ковид-19 не ги спречија македонските компании од областа на индустријата да инвестираат и да го зголемат производството во текот на минатата година. Всушност, македонската индустрија оствари рекорди во неколку параметри, што секако создава основа полесно да се преброди актуeлната криза предизвикана од високите цени на енергентите и рекордната инфлација.