text size
Дел од бензинските станици во Северна Македонија беа затекнати од последното зголемување на цената на нафтените деривати на 3 јуни, годинава бидејќи нивните рекламни билборди не беа програмирани да прикажат трицифрени бројки за литар гориво. Со зголемувањето, цената на литар бензин од 95 октани се зголеми на 107 денари (1,73 евра), а на литар бензин од 98 октани на 109 денари (1,77 евра) што е рекордно ниво.