text size
Цените на недвижностите во Македонија во последниот квартал од минатата година оствариле годишен раст од 20,6 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка. Станува збор за благо забавување во однос на претходниот квартал кога годишниот раст на цените на становите изнесуваше рекордни 21,2 проценти. Сепак, индексот на цените на становите што го подготвува Народната банка врз основа на огласените станови за продажба во Скопје укажува дека цените останаа високи на истекот на 2022 година.