text size
Постојаниот раст на каматните стапки и намалената извесност за идните економски движења ја зголемија и претпазливоста на компаниите. Во услови на продолжени проблеми, кои настанаа првенствено во текот на пандемијата, домашните компании сега се соочуваат со други предизвици. За дел од нив оваа ситуација води кон намалена ликвидност и намалена можност за отплата на долговите. Анализираме дали ова ниво на каматни стапки е проблематично за македонските компании што веќе се задолжени. Од друга страна, дали на ова ниво на камати, домашна компанија може да се впушти во ново задолжување со нов кредит во време кога поентата на монетарното затегнување е сосема друга? Во јануари годинава каматните стапки на вкупните кредити на претпријатијата се зголемија до 4,6 проценти, а за новоодобрените кредити каматата се зголеми за 0,2 процентни поени и достигна високи 5,2 проценти. Компаниите тврдат дека ситуацијата станува сè потешка, а високите камати се сè поголем товар. Од Народната банка за „Блумберг Адрија“ тврдат дека засега ова ниво на камати не значело и влошување на квалитетот на кредитното портфолио.