text size
Голем број градежни инвеститори и граѓаните сопственици на станови се обидуваат да го искористат повеќегодишниот тренд на пораст на цените на становите во земјава да продадат станови по нереални цени, кои достигнуваат и до 2.000 евра за квадрат. Во огласите за продажба на недвижности често може да се забележат примери за огласени станови со површина од 70 до 80 квадрати во Центар, Дебар Маало, Водно и другите поатрактивни населби по цени што надминуваат 150.000 евра. Но, според агенциите за недвижности, тоа не оди толку лесно, особено за поголемите трисобни или четирисобни станови, без разлика на атрактивноста на локацијата и квалитетот на градбата.